Трагедија: Актер пронајден мртов во шума – Пред само два дена бил обвинет за семејно насилство

Актерот Кол Брингс Пленти (27) бил пронајден мртов во шума само два дена откако бил обвинет за семејно насилство.

Кол славата ја стекна кога се појави во серијата „1923“, а не бил виден откако полицијата била повикана на имот каде што некоја жена врескала и барала помош.

Потоа по него е распишана потерница.

Бидејќи никој не можел да го лоцира, тој бил пријавен како исчезнат, пишува „Скај њуз“.

Бригс ја пропуштил аудицијата за претстојниот филмски проект кој беше закажан преку Зум, што тие велат дека било невообичаен за него.

Во меѓувреме, бил пронајден неговиот напуштен автомобил, а неговото тело набрзо било откриено во шумата.

Инспекторите и медицинските лица излегле на терен, но детали за причината за смртта не се соопштени.

Таткото на актерот, Џо, рекол дека е благодарен за сите молитви и позитивни мисли кои се упатени кон неговиот син.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде