Силен земјотрес во соседството

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала е регистриран околу еден час по полноќ во близина на грчкиот град Амфилохија

во западниот дел на земјата, јави телевизијата Скај, повикувајќи се на грчкиот институт за геодинамика.

Епицентарот на земјотресот, кој се случи во 0:59 часот, бил на 3 километри западно од Амфилохија и 246 километри западно-северозападно од главниот град Атина.

Длабочината на избувнувањето се проценува на 13,1 км.

Од крајот на март, сеизмичката активност на западниот брег на Грција е засилена. Најсилниот земјотрес со јачина од 5,7 степени се случи на 29 март во близина на островот Закинтос.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде