Српска пејачка го шокираше регионот: „Ми останаа уште шест месеци живот“!

Пејачката Хариета Симиќ неодамна проговори за борбата со ракот на дојката, кој и се проширил на вратот и белите дробови.

Имено, пејачката Хариета Симиќ, чие уметничко име е Харина, се бори со опасна болест, а за локалните медиуми раскажала низ што поминувала.

– По операцијата кога ми ја отстранија дојката, отидов на хемотерапија и ми рекоа дека сум здрава, но само два месеци подоцна отидов на преглед и докторот ми откри метастази на вратот – изјави Хариета.

Веднаш следела операцијата, а по операцијата Хариета од непозната причина почнала да кашла и кашлицата се влошувала, за што и биле давани антибиотици во огромни количини.

– Ништо не ми помогна, а потоа отидов на скен на белите дробови и открија дека има метастази на сите мои бели дробови. Чувствувам како да имам еден тон на градите, многу тешко дишам – изјавила пејачката за „Хајп“, чија мајка за жал починала од истата болест со која се бори и самата Хариета.

– Се плашам дека ќе завршам како мајка ми. Таа почина на 49 години, јас сега имам 41 година – изјави преплашената Симиќ.

– Сега сум на четврти степен на метастаза. Во еден момент ми кажаа дека ми остануваат уште шест месеци живот. Пиев керозин, масло од канабис, се што слушнав, пиев за да ми помогне – изјави таа за Телеграф.рс.

„Имав рани по главата и телото, поминав низ пеколот“

Неодамна Хариета за „Блиц“ раскажа за својата тешка судбина и на овој начин ги замоли сите луѓе со добра волја да и помогнат преку Инстаграм доколку имаат можност.

-Кога дознав дека имам рак, буквално побегнав од Шведска, каде што престојував со мојот сопруг. Ми требаа три месеци да ги извадам документите за да добијам хемотерапија, поради што косата ми падна. Имав рани по главата и телото, поминав низ пеколот. Сакав да се откажам од се. Десет месеци не ми кажуваа дека имам метастази, пиев масло од канабис, чаеви, што веројатно делуваше – изјавила Хариет.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде