На 08.04.2024 во 23.30 часот во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид го лишиле од слобода С.К.(54) од Охрид.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени бела грутчеста материја, дигитална вага со остатоци од бела материја, шише со течност и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 08.04.2024 во 21.50 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Б.Е.(53) од Тетово. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена поголема количина на пари за кои постои сомнение дека потекнуваат од „тешка кражба“ извршена на 02.01.2024 во домот на А.С.(31) од Тетово. Тој е задржан во полициска станица за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
На 09.04.2024 во 00.50 часот на езеро Младост во Велес, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода Н.Ѓ.(27) од Чашка, В.М.(31), Н.А.(25) и 27 – годишната В.К., сите од Велес. При контрола на патничко возило „бмв“ со велешки регистарки ознаки, управувано од Н.Ѓ., а останатите лица биле сопатници, В.М. фрлил пакување со марихуана, кое е пронајдено и одземено. Лицата се приведени во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 07.04.2024 во 22.00 часот на подрачјето на Кисела Вода во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.В.(22) од Битола, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 07.04.2024 во 08.55 часот на подрачјето на Шуто Оризари во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Е.Ш.(33) од Прилеп, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 08.04.2024 на Граничен премин „Меѓународен аеродром Скопје“, полициски службеници ја лишиле од слобода Е.Б.(36) од Република Турција затоа што околу 19.00 часот го нарушила јавниот ред и мир и физички нападнала полициски службеник кој извршувал службени дејствија. Лицето било спроведено во Полициското одделение Петровец за понатамошна постапка.
На 09.04.2024 во 05.00 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Т.Ј.(40) од Куманово затоа што претходно, поради нерасчистени меѓусебни односи, со остар предмет му се заканил на О.З. во неговиот дом во населба Јане Сандански во Куманово. Известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.