Ужас во Грчец: Маж грабнат со автомобил, бил држен во куќа околу осум часа – oва се деталите

Четириесет и шестгодишниот М.М. од селото Шемшево, завчера околу 13.45 часот бил грабнат со автомобил од страна на четири лица, кои му се заканиле со огнено оружје.

Како што објави МВР, потоа бил однесен во куќа во селото Грчец и физички нападнат.

Лицата, како што се наведува, барале од него да врати наводен долг, по што му одзеле 500 евра.

По околу осум часа со возило го оставиле во Добарце.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде