СТРАОТНА НЕСРЕЌА доцна синоќа: Едно лице загина, 200 се заробени откако се откачи кабина од жичара во Анталија

Едно лице загина, 10 други од кои две деца се повредени, а речиси 200 луѓе останаа заробени во воздух при уривање на столб за поддршка на жичара во турскиот туристички град Анталија.

Хеликоптери опремени со камери за термичка слика се во акција за да спасат 184 луѓе кои сè уште се заробени во кабините на жичарницата, рече градоначалникот на Анталија, Мухитин Бочек, во изјава доцна вечерва.

– Нашите специјализирани тимови се тука. Дај боже, за кратко време ќе ги спасиме сите – рече Бочек.

Едната кабина паднала во карпеста област по уривањето на столбот, изјави турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја.

Пет лица кои биле во кабината се евакуирани со хеликоптер, додека двајца се уште чекаат да бидат префрлени, објави тој на платформата Х.

На местото на несреќата се испратени околу 110 припадници на итната помош, рече Јерликаја, додека дополнителни специјализирани планинари се испратени од други делови на Турција.

Извор:newz24live.com

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде