Тажна вест утрово го потресе светот: Почина кралот на модата

Италијанскиот дизајнер Роберто Кавали почина на 83-годишна возраст, јавуваат странските медиуми.

Тој првпат го лансираше својот бренд во 1970 година и разви иновативен процес на печатење на кожа и тексас, градејќи глобален бизнис за мода и начин на живот со неговите иновативни смели животински принтови, џинс и секси фустани.

Кавали потекнуваше од семејство на уметници, бидејќи неговиот дедо Џузепе Роси беше водечка фигура во движењето Макијавели, со дела изложени во галеријата Уфици во Фиренца.

Неговото богатство наводно вреди 500 милиони долари, а неодамна на 82-годишна возраст стана татко на своето шесто дете кое го доби со својата 38-годишна девојка од Шведска, Сандра Нилсон.

Роден на 15 ноември 1940 во Фиренца, тој го лансираше својот истоимен моден бренд во 1970. Во почетокот дизајнирал јакни, фармерки и минифустани од тексас и ги продавал своите луксузни парчиња облека во бутикот на Сен Тропе на француската ривиера.

Во следните две децении бил познат главно во Европа, а потоа во 1990-тите го вратил во мода луксузниот тексас, додавајќи ликра во фармерки за да ги направи поцврсти и посекси. Откако Наоми Кембел ги носеше на една ревија во 1993, растегливи фармерки станаа огромен тренд. Тоа го направи Кавали едно од најголемите имиња во светот на модата, статус што го задржа до денес.

Кавали се повлече од активни улоги во својот моден бренд во 2015.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде