Пет лица претепале сосед, со тешки повреди итно пренесен во болница

Четириесет и осумгодишен скопјанец е тешко повреден откако физички бил нападнат од петмина соседи.

Во саботата, во 22.15 часот во СВР Скопје, било пријавено дека во село Миладиновци, скопско, С.М.(48) бил физички нападнат од неговите соседи Ф.М., И.М., А.М., Ф.А. и Н.М.,

при што се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, информираа од полицијата.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде