„Живеев во бајка со мојата Стефани. Таа беше мојата иднина, мојот свет“ – потресна исповед на мајката на загинатата девојка

Младиoт Ј.С. е осуден на седум години затвор за предизвикување сообраќајна несреќа во која загинаа Стефани Ѓуровиќ и Анѓела В. додека се враќале од прослава на 23 август 2022 година, а нејзината мајка Јелена во шокантна исповед за Нова.рс, раскажа детали за оваа трагедија.

Сообраќајната несреќа се случила пред неполни две години, на пат од Ратина кон Крагуевац, кога автомобил кој се движел со голема брзина изгубил контрола и удрил во голем бетонски столб. Стефани починала на лице место, додека лекарите се бореле за животот на Анѓела Вујисиќ.

Возачот на автомобилот Ј.С., бил пијан, а од силината на ударот Стефани излетала на другата страна на патот, а тој веднаш побегнал од местото на несреќата.

Јелена Бошковиќ, мајката на жртвата Стефани, за порталот Нова.рс изјави дека пресудата и дава само секунда мир и дека ниту една казна не може да биде соодветна за загубата на два млади животи.

„Стефани беше моето прво дете, посакувано, посебно и прекрасно. Сакав да родам некој свој, да го сакам најмногу на светот, да ми биде се, да ми бидат очи, глас, уши и мои раце. Навистина живеев во бајка со мојата Стефани. Таа беше мојата иднина, мојот свет. Потоа го родив Алекса, па Вук. Отпрвин сакав да биде моја единица, но се предомислив. Сфатив дека е навистина важно да имаш некој во животот, мојата желба беше да не биде сама“, ја започнува својата исповед Јелена.

Целиот текст прочитајте го ТУКА

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде