Страотна сообраќајна несреќа, едно лице почина во болница

МВР информира дека завчера во 10.38 часот во СВР Битола било пријавено дека на стариот пат Ѓавато – Тополчани, патничко возило „киа“ со битолски регистарски ознаки, управувано од П.С.(70) од Битола, излетало од коловозот.

Во несреќата со повреди се здобиле возачот и сопатничката Н.С.(65), констатирани во Медицинскиот центар Битола,

каде што биле задржани на лекување, а вчера возачот П.С. им подлегнал на повредите.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде