Уште една трагедија на македонските патишта: Загина мотоциклист

Четириесет и двегодишен мотоциклист загина вчера откако излетал од автопатот Скопје-Велес.

„На 14.04.2024 во 12.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје–Велес, во близина на тунел Бадар,

мотоцикл „дукати“ со гостиварски регистарски ознаки, управуван од Е.А.(42) од Гостивар, излетал надвор од коловозот.

Од здобиените повреди на местото на несреќата починал мотоциклистот, а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош“, информираат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде