ВНИМАВАЈТЕ: Паднати дрвја од невремето на овој патен правец

Дождливото време проследено со ветар, попладнето предизвика проблеми на патните правци кои водат од Делчево кон Пехчево и Македонска Каменица.

Поради паднато дрво во близина на с.Тработивиште, сообраќајот на регионалниот пат Делчево – Пехчево – Берово е отежнат.

Од Македонија пат информираат дека нивни екипи се на терен и работат на расчистување на коловозот.

„Паднатото дрво се наоѓа на патот Делчево – Пехчево, во близина на тревнатото фудбалско игралиште во с.Тработивиште кое се наоѓа од левата страна на коловозот.

Сите кои патуваат на оваа релација да ја прилагодат брзината во близина на оваа делница, поради можната опасност“, информираа од Македонија пат.

Во овој регион попладнето повторно има појава на одрони на магистралата А3, која е дел од патот Делчево – М.Каменица.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде