Страотна несреќа: Возило излета од патот, 20-годишно момче итно пренесено во болница

20-годишник е тешко повреден во сообраќајна несреќа кај Ново Село. 

На 17.04.2024 во 19.20 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Куманово – Скопје, кај село Ново Село,

кумановско, патничко возило „сеат“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од А.З.(20) од Куманово, излетало надвор од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, соопштија од полицијата. 

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.  

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде