По кратко боледување во Скопје почина нашиот колега Гоце Јанковски, објавија од МРТ.
Роден 1944 година, целиот свој работен век го помина во Македонската радио-телевизија, како спортски новинар а подоцна и дел од тимот во дописната редакција.
Даде особен придонес во известувањето од терен и реализацијата на низа новинарски проекти.
Погребот ќе биде извршен денеска од 11.30 на градските гробишта Бутел.