Тажна вест: Почина познатиот спортски новинар

По кратко боледување во Скопје почина нашиот колега Гоце Јанковски, објавија од МРТ.

Роден 1944 година, целиот свој работен век го помина во Македонската радио-телевизија, како спортски новинар а подоцна и дел од тимот во дописната редакција.

Даде особен придонес во известувањето од терен и реализацијата на низа новинарски проекти.

Погребот ќе биде извршен денеска од 11.30 на градските гробишта Бутел.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде