УЖАС: Трактор излета од коловозот, возачот со тешки повреди пренесен во болница

Вчера во 17.00 часот во Полициската станица Виница било пријавено дека во село Трстија-виничко, трактор „фергусон“ со штипски регистарски ознаки,

управуван од 63-годишниот С.Ј. од село Нов Караорман – општина Карбинци излетал од коловозот, извести МВР.

„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничка болница Штип“, соопшти МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Виница.

Фото: Илустрација

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде