Страшна вест го потресе светот: Во пукотница тешко ранет познатиот пејач

Популарниот француски пејач и победник на музичкото натпреварување The Voice France, Кенџи Жирак е тешко повреден откако бил застрелан во градите за време на хорор-нападот во Франција.

Жирак (27) победи на натпреварот во 2014 година и е познат по соработките со светски музички икони како Мика.

Пејачот итно бил префрлен во Универзитетската болница во Бордо, а според француските медиуми, при приемот во болница бил свесен.

Сепак, лекарите велат дека животот му е се’ уште во опасност, бидејќи се работи за прострелна рана во пределот на градниот кош. Засега не се знае дали Жирак бил цел на самиот напад.

Пејачот се враќал од кампот во Бискарош кога во понеделникот во раните утрински часови бил ранет од разбеснет напаѓач.

Истрагата за хорор-нападот е веднаш отворена, објави јавниот обвинител на Мон-де-Марсан, Оливие Јансон. Полицијата беше забележана како го пребарува кампот за какви било информации во понеделникот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде