Страотна несреќа: Две лица итно пренесени во болница

Две лица се повредени во сообраќајка на патот Валандово-Струмица.

Сообраќајката се случила ноќта меѓу среда и четврток, околу 00.25 на место викано „Валандовско брдо“. Во несреќата учествувале автомобил „голф“ со велешки регистарски ознаки,

управувано од К.Т.(31) од Гевгелија и патничко возило „пежо“ со струмички регистарски ознаки, управувано од С.Д.(30) од Струмица.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.Д., а со телесни повреди се здобил К.Т., констатирани во Медицински центар Гевгелија.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде