ВИДЕО: Две тешки сообраќајни несреќи синоќа во Скопје

Две сообраќајки се случија ноќеска во Скопје, едната во Центар на Партизанска, другата во Чаир на улицата Цветан Димов.

Едниот автомобил по сударот се превртел на Партизанска и завршил во жардињера на средина на булеварот, додека во другата несреќа се судриле повеќе возила.

Засега нема информации за повредени во двете сообраќајни несреќи.

Повеќе детали се најавени за денеска.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде