Почина 30-годишно момче кое беше тешко повредено во експлозија во фабрика во Лештани

Починатиот работник Б.Р. (30) кој вчера бил повреден во експлозија во фабрика во Лештани.

Тој вчера бил примен во Ургентниот центар поради тешки повреди, поточно изгореници, каде и починал.

Двајца работници беа тешко повредени во пожар што се случи вчера нешто пред пладне во Лештани.

Пожарот избувнал во производствената хала на фабриката за ракетни погонски системи.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде