Тешка сообраќајка со четирицикл, две лица повредени

На 27.04.2024 во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат с.Глумово кон с.Сарај, скопско, четирицикл со скопски регистарски ознаки, управуван од малолетник од с.Глумово, паднал на коловозот.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетен сопатник од Скопје, а возачот се здобил со телесни повреди,

констатирани во Градската општа болница „8 Септември“ и Комплексот клиники „Мајка Тереза“, информира МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде