Тешка несреќа: Се судрија „тигуан“ и „фиат“ – повредени маж и дете

Кај Мелнички мост вчера се судриле возилото „фиат“ со дебарски регистарски ознаки,

управувано од Н.О. (58) од село Долно Косоврасти и „фолксваген тигуан“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од М.Е. (20) од село Жировница.

„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Н.О., а телесни повреди добил малолетен сопатник од патничкото возило „фолксваген тигуан“, констатирани во Општата болница во Дебар.

Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Дебар“, информира МВР.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде