19-годишник со „пасат“ излета од пат, со тешки повреди пренесен во болница

Вчера во 13.37 часот во СВР Штип било пријавено дека на регионалниот пат Штип – Плачковица, на влез од село Стар Караорман, штипско,

патничко возило „фолксваген пасат“ со штипски регистарски ознаки, управувано од 19-годишниот Б.М. од село Јонузлија, општина Карбинци, излетало од коловозот, извести МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Б.М., констатирани во Клиничката болница Штип, соопшти МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде