Утрово тешка сообраќајна несреќа, целосно е во прекин сообраќајот на овој патен правец

Тешка сообраќајка незгода во која учествуваа две возила се случи утрово во непосредна близина на мостот „Влајко“ во скопската населба Влае.

Целосно е затворен булеварот „Партизански одреди“ во правец од Ѓорче кон Центар, а сообраќајот се пренасочува по околните улици. 

Очевидци на настанот сведочат за страшна слика на местото на несреќата.

Од јачината на ударот, автомобилот е преполовен и свртен во спротивен правец. 

Повеќе детали се очекуваат од МВР.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде