Тешка сообраќајна несреќа, младо момче со тешки повреди пренесено во болница

На 06.05.2024 во 13.37 часот во СВР Штип било пријавено дека на регионалниот пат Штип – Плачковица, на влез од с.Стар Караорман, штипско,

патничко возило „фолксваген пасат“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Б.М.(19) од с.Јонузлија, општина Карбинци, излетало од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Б.М., констатирани во Клиничката болница Штип.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде