За денеска најавено невреме – ова се деталите

Од УХМР известуваат дека од денес до петок времето ќе биде променливо облачно, на повеќе места нестабилно со пороен дожд и грмежи.

Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силни електрични празнења, засилен ветер и појава на град.

Дневните температури од утре четврток ќе бидат во опаѓање.

Во Скопје од денес исто така во попладневните часови до петок времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд и грмежи.

Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време и засилен ветер.

Препорака: Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја, известуваат од ЦУК преку УХМР.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде