Трагедија: Маж загина откако се преврте со трактор

Вчера во 13.00 часот во ОВР Неготино било пријавено дека во место викано „Црно поле“, атар на Неготино, Т.К.(62) од Неготино,

додека извршувал земјоделски активности на нива со трактор, изгубил контрола и се превртел со тракторот.

– Т.К. бил пренесен во Итна медицинска помош, каде што лекар констатирал смрт, информираат од МВР.

Известен бил јавен обвинител, а увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Неготино.

Фото: Илустрација

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде