Следува голема промена на времето

За време на овој викенд во Македонија ќе имаме значително постабилна Атмосфера, односно времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од северен правец.

Сепак во недела во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност, проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Наутро ќе биде значително посвежо со минимални температури кој на многу места ќе се спуштаат и под 10 степени, понекаде дури и под 5 степени.

Максималните дневни температури пак ќе бидат во пораст, и ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 26 степени.

Во Скопје и околината ќе имаме слично време, со температура која ќе се искачува до околу 24-25 степени.

Метео анализа на Славчо Попоски

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде