УЖАС: 36-годишен маж кршел се пред себе во центарот на градот, а потоа нападнал и двајца пожарникари

Вистинска драма во средата се случувала во центарот на Делчево. 36-годишен маж кршел се пред себе, а потоа нападнал и двајца пожарникари.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против В.А.(36) од Делчево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.

На 08.05.2024, пријавениот оштетил влезна врата и друг инвентар во угостителски објект, се обидел да оштети стакло од возачка врата на такси возило, во обложувалница оштетил врата од наплатниот пулт,

по што оштетил возило паркирано пред Територијалната противпожарна единица и физички нападнал двајца вработени, соопшти МВР.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде