Тажната вест ја објави МЗТ Скопје:
Со голема тага и неверување денеска ја примивме веста за смртта на нашиот Марјан Михајловски (53 години), вработен во клубот, еден од најпрепознатливите навивачи и пред се човек вечно посветен на својот МЗТ Скопје Аеродром.
Уште од времето на поранешната држава е меѓу авангардата што прва ги поставува темелите на навивачкото движење во Македонија и пред се во Аеродром, каде што од прв до последен момент ѝ останува верен на својата најголема љубов.
Покрај него израснаа многу генерации навивачи на МЗТ Скопје, а во тие кругови до крајот на животот остана можеби и најголема легенда.
Последниве десетина години беше директно инволвиран во работата на клубот, придонесувајќи на свој уникатен начин за освојување на голем број титули и трофеи во Купот на Македонија.
Почивај во мир, наш Мац! – стои во соопштението на клубот.