Вчера, во 12.15 часот, во Полициската станица Делчево било пријавено дека во атарот на село Драмче, Делчевско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат пунто“, со штипски регистарски ознаки,
управувано од 76-годишниот Ф. Л. од село Град, Делчевско, и патничко возило „шкода“, со делчевски регистарски ознаки, управувано од 33-годишниот Н. Д. од Делчево, извести МВР.
„Во несреќата тешки телесни повреди добил Ф. Л., кој починал на пат кон болницата.
Лекар од итнагта медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција“, соопшти МВР.
Возачот Н. Д. добил телесни повреди, а увид на местото извршила екипа од ОВР Делчево.