Пејачот Ацо Бабиќ почина денеска, 30 мај, на 52-годишна возраст по долга и тешка битка со опасна болест.
Познатиот пејач беше член на бендот „Маратонци 021“, но во 2000 година се одлучи за соло кариера и го сними својот прв албум за издавачка куќа во Бјелина.
Вториот албум, објавен две години подоцна за Гранд продукција, наречен „Има дана“.
Тој беше многу талентиран музичар, кој компонираше песни за бројни пејачи, меѓу кои Аница Миленковиќ, Ѓорѓе Диздаревиќ и други, пренесува Курир.
Пријателите и колегите се уште се во шок поради смртта на музичарот, а во неверување се простуваат од него преку социјалната мрежа Фејсбук.