Стигна потврда: Познат првиот кандидат за претседател на СДСМ

„Ќе се кандидидирам за Претседател на СДСМ“, вели за ТВ 24 пратеничката на новата опозиција Славјанка Петровска.

Петровска која е министер за одбрана во заминување и веќе најави опција за можен кандидат .

Потврдата доаѓа пред вечерешниот ЦО на СДСМ на која треба да се потврдат датумите за отчетниот Конгрес на кој лидеротр во оставка Димитар Ковачевски ќе треба да реферира за историски најголемиот изборен пораз во СДСМ , но и за внатрепартиските избори кои треба да се одржат на 30 јуни. 

Според информациие на ТВ 24, освен Петровска, кандидатира речиси е извесно дека ќе има и од пратеникот и екс министер за здарвство Венко Филипче како и директорот на ТИРЗ во заминување Јово Деспотовски, а не се исклучува и од потпретседателот и директор на царина во заминување Стефан Богоев , како и од заменик министерот за администрација во заминување Александар Бајдевски. 

Официјалниот рок за поднесување на кандидатури ќе стартува од утре, по вечерашниот состанок.

Извор: ТВ24

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде