Сакаме да споделиме претажна вест. Цеце од Тетово, мајката на трите малолетни деца која го стави своето #СрцеНаДланка бидејќи нејзиното семејство живееше тешко и во лоши услови, денес на само 40- годишна возраст почина.
Таа зад себе остави три малолетни деца.
Тие после емитувањето на емисијата добија доста помош, но неисполнета желба на Цеце беше да добијат социјален стан бидејќи станот од роднините во кој живеат наскоро ќе биде продаден.
Цеце ќе ја паметиме по нејзината отвореност и позитивност, и иако беше тешко болна секогаш се бореше за доброто на своето семејство.
Сочувство до целата фамилија.
Почивај во мир драга Цеце 🖤