Тешка сообраќајка, три лица пренесени во болница

Три лица се повредени во сообраќајна несреќа што утрово во 07:20 часот се случила на регионалниот пат Охрид-Ресен, на охридска страна, во близина на „Прентов мост“.

Во незгодата учествувале две патнички возила.

 Повредените лица се префрлени во ЈЗУ Специјална болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид.

Во несреќата учествувале две моторни возила, едно со охридски, друго со битолски регистарски ознаки. Увид изврши полициска екипа на СВР Охрид.

За време на увидот сообраќајот беше во застој, но за крако време се создадени услови за негово нормализирање, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде