Денеска ќе биде погребана Лана Златиќ (18) која во неделата на 2 јуни околу 17 часот загина во тешка сообраќајна несреќа во местото Топла вода, на патот меѓу Бањско Поље.
Според пријателите на семејството, ова е втора трагедија што за кратко време го снајде семејството Златиќ и мајката на Лана, која прво остана без маж, а сега и без дете.
Голема тага, Лана е млада девојка и допрва требаше да го доживее животот. Пред само еден месец таа го прослави својот 18 роденден со семејството и пријателите. Мајка и славеше, а сега тагува – изјави за Курир човек близок до семејството Златиќ.
Инаку, пред смртта на тинејџерката, ова семејство веќе било погодено од една загуба. Имено, пред три години таткото на Лана почина од последиците на коронавирусот, што беше голем шок за целото семејство, со оглед на тоа што, станува збор за млад човек кој никогаш претходно немал здравствени проблеми.
Едвај закрепнаа од смртта на таткото на Лана, кој беше прекрасен човек и столб на семејството. Не ни се верува дека сега ги снајде оваа несреќа – велат пријателите на Златиќ и додаваат:
Таткото на Лана се разболе од Ковид пред три години, а пред тоа беше здрав. Се искомплицирало, на крајот бил задржан во Крушевачката болница од која никогаш не излегол.