TEШКА НЕСРЕЌА: Се судрија два мотоцикли, три лица пренесени во болница

На 04.06.2024 во 11.15 часот во СВР Штип било пријавено дека на крстосница од ул.„Анте Банина“, ул.„Сајбие Демир“ и ул.„Митко Недев“ во Штип

се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „априлиа“ со штипски регистарски ознаки, управуван од малолетник и мотоцикл со штипски регистарски ознаки, управуван од И.А.(60), двајцата од Штип.

-Во несреќата се тешки телесни повреди се здобил И.А., а неговата сопатничка Е.А.(59) од Штип и малолетникот се здобиле со телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Штип, информира МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде