Двегодишно дете е во болница, мајка му загина – страотна несреќа го потресе регионот

Сообраќајна несреќа вчера се случи во Грција во која едно лице загина, додека други две се тешко повредени.

Несреќата се случила вчераутро кога директно се судриле автомобил од Србија и автобус, јавува Нова.рс.

Грчките медиуми јавија дека во несреќата се повредени татко, мајка и дете. Жената од повредите починала денеска во болница и покрај напорите на лекарите да го спасат нејзиниот живот. Мажот (41) е од Србија, додека мајката по потекло е од Хрватска, пишува Нова.рс.

Двегодишното дете кое беше повредено во несреќата итно е префрлено во болница во Солун.

Полицијата во Грција работи на утврдување на околностите кои довеле до несреќата.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде