Регионот во шок: 22 годишник со ловечка пушка ги убил татко му, дедото и бабата

Регионот во шок: 22 годишник со ловечка пушка ги убил татко му, дедото и бабата

22-годишник со ловечка пушка ги убил дедото (81), бабата (83) и таткото (60) во семејната куќа во Књажевац, Србија..

Младиот човек рекол дека убиствата ги извршил од сочувство бидејќи дедо му бил неподвижен, а татко му и баба му тешко болни.

„Тој е уапсен и го признал делото. На полицијата и рекол дека повеќе не може да се грижи за нив“, изјави министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ, пренесува Телеграф.

Осомничениот млад човек претходно не бил осудуван, а ќе следи истрага по што треба да се знаат повеќе информации.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде