Метео анализа на Салвчо Попоски:
Додека нашиот дел од европа, односно крајниот југоисточен дел од континентот, вклучувајќи ја секако и нашата Македонија следната седмица ќе не зафати екстремно топол бран кој на повеќе места ќе донесе температури и до околу 35 степени,
а во централните и во југоисточните предели локално и над 40 степени, во соседна Грција како и во Турција и до околу, па и над 45 степени, северозападно и северно од нас температурите ќе бидат далеку под просекот и ќе биде многу постудено и повлажно.
Северна, северозападна и централна европа следната седмица ќе имаат невообичаено студено време за месец јуни и значителни врнежи од дожд.
Во ваква ситуација, на планините би се појавиле врнежи од снег, а не се исклучува можноста снежната граница да се спушти дури и нешто пониско во овие споменати предели.
Од друга страна, во нашиот дел пак освен што ќе биде многу, до екстремно топло, ќе биде и многу сушно и без врнежи.
Се на се, пред нас е вистинско лето со многу високи до екстремно високи температури на воздухот, особено во текот на следната седмица ќе биде екстремно топло, па затоа пијте повеќе течности, и секако без потреба не излегувајте во најтоплиот дел од денот.