На 07.06.2024 година во 20.50 часот, во СВР Охрид е пријавено дека во водите на Охридското езеро во близина на месноста „Баден“ во близина на охридското село Љубаништа, удавен пронајден е Л.М.(54) од Неготино.
-По наредба на јавен обвинител увид на местото на настанот, извршија полициски екипи а смрт, без видливи траги на насилство,
констатира лекар од Итната медицинска помош, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Телото е предадено на обдукција во Судска медицина во Битола.