Се бараат работници со средно образование – плата до 70.000 денари

Ние во ВИТА НОВА-ЗА веќе 18-та година сериозно ги следиме и подготвено ги пречекуваме сите промени и новости кои доаѓаат. Согласно промените носиме нови квалитети за нашите клиенти.

Привлекуваме, развиваме и задржуваме најдобри професионалци и наградуваме за нивните резултати.

ВИТА НОВА – ЗА објавува ОГЛАС за следнaтa работнa позициja:

Специјалист за продажба (м/ж)
Сектор: Продажба
Реон: Македонија/Косово

РАБОТНИ ЗАДАЧИ:

Извршува продажба, дистрибуција и наплата,
Координира испораки до клиенти
Планира продажба на месечно, квартално и годишно ниво,
Прави постојана анализа на продажба и пазарна структура,

Предлага акции, проекти и други активности со цел достигнување на планирана продажба,
Подготовка на месечен/неделен рутинг план и повратно информира за реализација,
Блиска комуникација со клиенти,
Изготвува извештаи за продажба и анализа на пазар,
Разгледува и информира за неделни планови; неделни пресеци на должници; подготвува други работи по опис на работно место.

РАБОТНИ УСЛОВИ:

Работниот однос се заснова на определено време од 3 месеци (период на докажување на способности), со можност за продолжување.

Дневно работно време е од 08.00-16.00 часот од понеделник до петок.
Плата од 50,000 мкд до 70,000 мкд во зависност од остварувања и исполнување на таргети.

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ И ВЕШТИНИ:

Минимум завршено средно образование,
Флексибилност за работа на терен,
Одлична комуникација, преговарање и ориентираност кон деловни клиенти,

Професионално однесување,
Организирана, аналитична, мотивирана и стабилна личност,
Динамичен/а, проактивен/а и насочен/а кон резултати,
Способност за индивидуална и тимска работа,
Позитивен однос кон промени,

Работа на компјутер (MS Office пакет),
Поседување возачка дозвола Б – категорија, активен возач
Познавање на назначениот регион,
Одлично познавање на англиски јазик
Потребно искуство: Минимум 2 години работно искуство на иста или слична позиција

Сите што ги поседуваат горенаведените квалификации и вештини СЕ ПОКАНЕТИ ДА АПЛИЦИРААТ со нивната професионална биографија која може да ја достават на следната e-пошта: [email protected] со задолжителна назнака на бројот на оглас, во насловот на пораката.

Рок за пријавување: 12.06.2024

Повеќе инфо имате тука

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде