Славчо Попоски испрати итно предупредување: Доаѓа невреме – ЕВЕ КОГА

Многу топло, но со сосема малку пониски температури за разлика од денес ќе се задржи и во текот на утрешниот ден.

Сепак поради продор на ладен атмосферски фронт од северозапад, во текот на утрешната ноќ кон петок, како и во петок во Македонија ќе има развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер.

Поради брзиот продор на ладниот атмосферски фронт од северозапад кој ќе пристигне на многу загреана атмосфера и исполнета со енергија поради повеќе дневниот топол бран од Африка, локално процесите ќе бидат интензивни и во форма на невреме, проследено со обилен пороен дожд (над 20 л/м2), силен ветер, силни и чести електрични празнења како и со појава на град кој во ваква ситуација би можел да биде  и покрупен.

И во Скопскиот регион во текот на утрешната ноќ кон петок, како и во петок ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер, локално во форма на невреме.

Апелираме граѓаните во случај на појава на невреме  и на силни електрични празнења да бидат крајно внимателни, односно да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја. Исто така, во случај на појава на силен ветер и на крупен град автомобилите да се заштитат.

Што се однесува до температурите, тие во петок позначително ќе опаднат, и тоа за 8 до 10 степени во споредба со сегашните и во петок максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 30 степени.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде