Оглас за вработување – се бараат работници со завршено средно образование: Плата до 48.000 денари

KROMBERG & SCHUBERT е глобална индустриска групација примарно активна во автомобилската индустрија, која ја сочинуваат четири деловни единици во производство на Кабли, On-board мрежи, Пластична технологија и Мехатроника.

Своите производи ги пласира кај најголемите европски производители на автомобили (VW, BMW, AUDI, Mercedes, Škoda…). Во Македонија KROMBERG & во Битола изгради фабрика и вработува над 5.000 работници.

KROMBERG & SCHUBERT Macedonia , објавува оглас за вработување на:

Оператор во производство – Скопје

Работни обврски:

Работа на производна линија во стоечка положба
Интензивна активност со рацете, способност за повторувачки движења, добар вид и -препознавање на различни нијанси на боја на жиците

Работа со транспортни колички, алати за сечење, мерни инструменти, итн
Способност за следење на инструкции за работа и работни упатства
Прецизност и точност во извршувањето на работните задачи

Услови:

Тимска работа
Подготвеност за работа во три смени
Претходно работно искуство во производствена компанија ќе се смета за предност

Што нудиме?

Стабилна работа со можност за напредок
Редовни примања
Осигурани на полно работно време
Платен превоз и платен топол оброк од првиот ден

Редовни бонуси за редовност и ефикасност
Годишен колективен одмор
Исплата на регрес за годишен одмор
Просечна плата за оператор: од 45.000,оо МКД до 48.000,оо МКД со редовно покачување

Рок за пријавување: 13.06.2024

Повеќе инфо имате тука

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде