Силно невреме попладнево ја зафати Србија, во Крагуевац, град оштети автомобили, а поплавени се и улиците.
Според српските медиуми, неколку автомобили се оштетени во невремето.
Како што потврдија од Управата за вонредни состојби, невремето најмногу ги погодило Аранѓеловац, Топола и приградските населби Крагуевац, јавува Радио телевизија Крагуевац.
Противградобијната заштита делува од областите Книќ, Топола и Аранѓеловац, Велики Шењ, Рамаќа, Рогоевац, Каменица, Грбица, Лужница.
Силно невреме со силен град попладнево го зафати и Горњи Милановац. Невреме имаше и во Љиг, Пожаревац, делови од Шумадија.
Град денеска паѓаше и во Белград.
Poslala koleginica…
— 🎯BEZIMENA🎯 (@Ljupka_aha) June 13, 2024
Gornji Milanovac ☹ pic.twitter.com/Vdmj5fHcxG