Ненад Неша З. од Тутин е брутално убиен во стан во Бремен во Германија, а неговото тело е најдено само ден подоцна распарчено во станот.
Како што пренесуваат германските медиуми, злосторството било откриено вчера наутро кога несреќниот Србин не дошол на работа.
Наводно, постои сомнеж дека го убил цимерот, кој прво го заклал, а потоа неговото тело го искасапил. Како што наведуваат локалните медиуми, се уште не е познато дали осомнчениот цимер е уапсен и приведен.
Пријателите од Тутин на социјалните мрежи се збогуваат од Ненад со потресни пораки.
„Ова е на прво место човек кој го сакаше цел Тутин, го почитуваше и уважуваше. Секогаш зрачеше со позитивна енергија и никогаш не сум го видел нервозен или тажен. Човекот кој не делеше луѓе по националност и верска основа или припадност. Тоа е човек за кој Тутин треба да прогласи ден на жалост. Нека ти е лесна земјата, а до твоето семејство најголемо сочувство“, напишал маж кој објавил негова фотографија.
Истрагата е во тек и германските инспектори ги утврдуваат мотивите за ова страшно злосторство.