УЖАС: 37-годишен маж заедно со тројца малолетници со нож нападнале сопруг и сопруга во нивниот дом

Полицијата го сомничи Е.М. (37) од Струмица дека синоќа заедно со тројца малолетници физичи го нападнале Е.И. (23) и неговата сопруга во нивниот дом во Струмица.

При нападот со остар предмет му нанел повреда на младиот струмичанец.

Како што соопштија денеска од СВР Струмица, напаѓачот бил лишен од слобода и бил задржан во полициската станица во Струмица, а за настанот бил запознаен јавен обвинител од ОЈО Струмица.

Во соопштението се додава дека по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде