Актерот и поранешен борач Тејлор Вајли почина на 56-годишна возраст. Ѕвездата по потекло од Хаваи починала во четвртокот, пишува „КИТВ њуз“. Причината за неговата смрт засега не е позната.
Вајли беше најпознат по улогата на Камекон Тупуола во криминалните драми „Хаваи 5 – О“ (Hawaii Five-0) и „Магнум П. И.“ (Magnum P.I).
Актерот е познат и по улогата во популарната серија „Општа болница“ (General Hospital).
Поранешниот колега на Вајли, Питер М. Ленков, кој го ангажираше за шоуто, беше меѓу оние кои му оддадоа почит на „нежниот џин“.
„Уништен сум. Срцето ми е скршено. Подоцна ќе објавам некои детални чувства. Премногу е тешко во моментов“, напиша тој во објава на Инстаграм.