ПОСЛЕДНА ВЕСТ од УХМР:
Нестабилна облачност помеѓу Скопје и Куманово која дава : грмежи ,врнежи од дожд и има услови за појава на град.
Исто така, повеќе нестабилни облачни маси во североисточниот дел на Републикава кој даваат :грмежи, врнежи од дожд и има услови за град.
Од УХМР информираат дека до петок во попладневните часови ќе има честа појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.
Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град. Дневните температури постепено ќе опаѓаат.
Фото: ФБ страна Славчо Попоски