Блазе си им: Погледнете колку ќе добијат К-15 вработените во КАМ маркети

Компанијата КАМ од мај годинава ја зголеми платата на вработените во маркетите во просек за 22 отсто.

Задоволството на вработените директно влијае врз перформансите на една компанија, а тоа секако се рефлектира и со зголемена продуктивност, лојалност и креирање на еден стабилен и компактен тим во кој луѓето се задоволни и сакаат професионално да растат и да се надградуваат.

КАМ е ориентиран кон потребите и интересите на вработените, а за тоа сведочи посветеноста да се креира позитивна и поддржувачка работна култура. Со овој пристап, целта е да се зголеми задоволството од работата, мотивацијата и ангажманот на вработените.

Вработените добиваат регрес за годишен одмор, кој е речиси три пати поголем од законски предвидениот и секоја следна година е повисок од претходната.

На вработените за 2022 им е исплатен К-15 во износ од 33.000 денари, за 2023 во износ од 37.600, а, за 2024 е планирано зголемување за 10 отсто, односно 41.000 денари.

Покрај тоа, КАМ финансиски ја наградува и успешноста на одредени вработени и сектори кои оствариле извонредни разултати во текот на годината, како мотивација и поттик и за останатите членови на тимот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде